Бергузар Корел го толкуваше ликот на Шехерезада во турската серија „1001 ноќ“.
Актерката Бергузар Корел, кај нас попозната како Шехерезада, се прослави благодарение на серијата „1001 ноќ“ која се емитуваше во 2009 година и која постигна голема популарност и во Македонија.
Благодарение на оваа серија, таа ја најде и својата сродна душа, а таа и нејзиниот колега и сопруг Халит Ергенч, кого го паметиме како Сулејман Величествениот, неодамна станаа родители по трет пат. Корел и нејзиниот сопруг беа главните ликови на популарната турска серија, тие се заљубија на снимањето и решија да ги напуштат тогашните партнери за да бидат заедно.
Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца – синовите Али и Хан и ќерката Лејла. Со години се разведуваа и се зборуваше дека Халит ја изневерува бидејќи во Турција важи за голем женкар, но тие гласини секој пат ги демантираа и се уште се во брак.
