Балкан

ФОТО Се урна четирикатница во Атина, во тек е голема спасувачка акција

ФОТО Се урна четирикатница во Атина, во тек е голема спасувачка акција

Голема спасувачка операција се одвива во атинската населба Петралона, откако денеска се урна четирикатна станбена зграда со седум станови. На местото веднаш пристигнаа противпожарни екипи, специјализирани спасувачи и кучиња-трагачи кои ги пребаруваат урнатините.

Според информациите од грчките власти, четири лица кои првично се водеа како затрупани се пронајдени живи и се на безбедно. И покрај тоа, акцијата продолжува за да се утврди дали под рушевините има уште луѓе.

Причините за уривањето засега не се официјално познати. Надлежните информираат дека во непосредна близина на објектот се изведувале градежни работи, а истрагата ќе треба да покаже дали тие имале каква било поврзаност со инцидентот.

Полицијата го обезбеди поширокото подрачје околу зградата, додека службите за итна помош остануваат на терен. На граѓаните им е упатен апел да не се приближуваат до местото на несреќата сè додека траат спасувачките активности и увидот.

По завршувањето на операцијата, грчките власти најавија детална експертиза со цел да се утврдат точните причини за уривањето на станбениот објект.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни