ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Битола-Прилеп, загинаа две лица

Тешка сообраќајна несреќа вечерва нешто по 20 часот се случи на магистралниот патен правец Битола- Прилеп, потврдуваат од МВР за ТВ21.

Засега поради не познати причини, товарно возило удрило во патничко моторно возило по што автомобилот излетал од патот по што загинале возачот и совозачот.

Се вчитува...

Како што дознаваме, возачот бил на возраст од 34 години, а совозачот од 27 години.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на селото Вашарејца, а неофицијално дознаваме дека лицата кои загинаа се од прилепско.

Извор: ТВ21