Центарот на Скопје попладнево е целосно блокиран.

Имено, полицијата испразни шест училишта каде преку меил е добиена закана за поставени бомби.

4news.mk дознава дека се работи за гимназијата Јосип Броз Тито и СУГС Владо Тасевски (ПТТ).

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.