ФОТО+ВИДЕО: Со капа на главата и покриено лице, Јанева спроведна од Шутка во домашен притвор

Екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред само неколку минути од притворот во Шутка, беше спроведена во домашен притвор.

„Фатете ме за двете раце“, им рече Јанева на полицајците. Таа, пак, со покриено лице и со капа на главата ги одбегна новинарите и замина во станот на нејзиниот син во Центар.

Јанева е третоосомничена во случајот „Рекет“, а денеска Апелација донесе одлука да и биде укинат притворот и заеменет со куќен притвор.

Еве како изгледаше низ видео спроведувањето на Јанева во домашен притвор.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното