„Откако колење на јагниња во градинка е прифатливо , нормално, не постои веќе ништо што би можело да не изненади во оваа недојдија!“, реагираат од Анима Мунди.
Во соопштението се додава:
Вработените од градинката Весели Цветови во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество.
Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и се останато што не доликува на вработени во воспитно образовна институција.