„Започна со работа Генералното Собрание на Обединетите Нации – UNGA2019
. Светската сцена собрана на едно место да најде решение за светските предизвици. Во центарот на ова импресивна сала – новата локација на делегацијата на Република Северна Македонија
како рамноправен партнер без акроними и без дилеми за сигурна и светла иднина за сите луѓе кои живеат во нашиот заеднички дом- Република Северна Македонија!“, напиша на Фејсбук вицепремиерот Бујар Османи.