Бизнис

Фотоволтаици прават проблем во Македонија, можно исклучување за 1 Мај

Фотоволтаици прават проблем во Македонија, можно исклучување за 1 Мај

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека по примерот на Велигден, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе бидат активирани т.н. празнични мерки за стабилизирање на електроенергетскиот систем, што може да вклучи и привремено исклучување на дел од фотоволтаичните централи.

„Состојбата во мрежата останува ризична, а наш приоритет е стабилноста и сигурноста во снабдувањето“, порача Божиновска преку објава на Фејсбук.

На вонреден состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, и заменик-директорот на МЕПСО, Александар Пауновски, било договорено МЕПСО да има овластување да интервенира навремено – вклучително и со наизменично исклучување на фотоволтаични централи поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа.

Според министерката, ваквите мерки за првпат биле применети за Велигден и дале резултат – било спречено преоптоварување и снабдувањето со струја останало непречено.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни