Свет

Францускиот премиер поднесе оставка, но Макрон одби да ја прифати

Францускиот премиер поднесе оставка, но Макрон одби да ја прифати

Француската премиерка Елизабет Борн му ја поднесе оставката на претседателот Емануел Макрон, но тој одби да ја прифати за да може владата да продолжи да работи во наредните денови , објави Елисејската палата, пренесе АФП.

По парламентарните избори во неделата, Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Националното собрание.

Во овој контекст, шефот на државата „ ќе ги одржи потребните политички консултации за да се утврдат можните конструктивни решенија во интерес на францускиот народ“, соопшти француското претседателство.

Претстојат серија средби меѓу претседателот и партиските лидери денеска и утре во Елисејската палата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни