Ганиу, градоначалникот на општина Чаир, изјави дека од една општина во која имало само 2-3 заразени лица со коронавирус, сега бројот на заразени рапидно е пораснат. Вели дека кластерите се познати и нема нови.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу имал контакт со лице за кое подоцна добил информација дека истото било позитивно на коронавирус. Денеска му бил земен брис, а во текот на утрешниот ден ќе се знае и резултатот од тестирањето.
