Македонија

Гаши сведочеше за „27-ми април“ – „Груевски имаше причина да ме убие“, вели Села

Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса.

„На 27 април преку ден бев во Собранието и попладне не можев да присуствувам, но знам дека собиравме потписи за продолжување на конститутивната седница во петок, рече Гаши. Прашан дали спикерот Трајко Вељановски ускратил нечие право на збор, Гаши рече дека тој се држел до Деловникот на Собранието.

Лидерот на Алијанса за Албанците пак во ТВ интервју рече дека жали што Фета Алими е во затвор, затоа што според него, тој човек му го спасил животот. „Груевски сакаше да ме убие, но Заев немаше причини за такво нешто. Му ја спасив главата. Груевски е еден од организаторите на таквите настани“, истакна Села.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни