50-годишен германски државјанин е приведен во притвор на истарската полиција откако бил фатен како со мобилен телефон снима голи деца во туристички објект во Истра, извести во вторникот истарската полиција.
Во неделата околу 12 часот и 30 минути, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра, неофицијално се дознава дека настанот се случил во Ровињ, затекнал германски државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал до пристигнала полицијата.
По наредба на надлежниот Општински суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон со кој Германецот снимал деца и нашла инкриминирачка содржина со која се потврдило сомнежот дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.
Во понеделникот осомничениот е приведен во притвор на Истарската полиција.
Од почетокот на летната сезона, за истото дело се осомничени неколку постари мажи во Истра.
