Поранешни германски војници поднеле барање за отштета заради изложеност на осиромашен ураниум, користен за време на војните на Балканот и Ирак, поради што фракција на Алтернатива за Германија во Бундестагот побара мислење од германската Влада.
Порталот Т-интернет наведува дека околу 220 војници побарале отштета поради изложеност на ураниум, а повторно се актуелизираа дискусиите за тоа колку споменатата муниција е штетна за здравјето, пренесувабањалучкиот весник „Независне новине“.
„Студиите на Светската здравствена организација и Меѓународната организација за атомска енергија негираат дека има посебни ризици, додека Меѓународната организација на лекари против атомското оружје посочува дека постојат недоречености во објавените студии, поради што повикуваат на превентивна забрана за употреба на оваа муниција се додека долгорочните ефекти на изложеност не бидат со сигурност утврдени”, пишува порталот.