Свет

Германските железничари најавија дводневен штрајк

Германските железничари најавија дводневен штрајк

Германските железничари од недела ќе почнат предупредувачки штрајк, соопшти денеска транспортниот синдикат ЕВГ.

„Штрајкот ќе започне во 22 часот по локално време (20:00 часот по Гринич) во недела и ќе продолжи до полноќ (22 часот по Гринич) во вторник“, рече членот на одборот на ЕВГ, Козима Ингеншај на прес-конференција во Келн.

Се очекува, предупредувачкиот штрајк, трет во исто толку месеци, да предизвика доцнење и откажување на регионалните и меѓуградските патнички возови низ целата земја.

ЕВГ, која има околу 230.000 членови, моментално е во преговори за платите со националниот железнички оператор Дојче Бан и уште околу 50 други железнички компании.

Поради високата инфлација и зголемените животни трошоци, синдикатот бара зголемување на месечните плати за 12 отсто и не помалку од 650 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни