Свет

„Гласови ми кажуваа да го убијам Трамп“ – Венецуелец уапсен во близина на Белата куќа

„Гласови ми кажуваа да го убијам Трамп“ – Венецуелец уапсен во близина на Белата куќа

Безбедносните служби во Вашингтон уапсиле државјанин на Венецуела во близина на Белата куќа, откако во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени три огнени оружја и големо количество муниција. Автомобилот, според полициските информации, бил пријавен како украден.

Станува збор за Рони Јордрикс Гуанипа Кринос, кој бил паркиран на една од авениите во близина на Белата куќа. Полициските службеници му пристапиле поради неговото сомнително однесување, по што при претресот на возилото откриле два пиштола, автоматска пушка и десетици пакувања муниција.

Според соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност, осомничениот при разговорот со полицајците изјавил дека слушал гласови во главата кои му кажувале да дојде во Вашингтон и да го убие американскиот претседател Доналд Трамп.

Кринос е обвинет за прекршоци поврзани со огнено оружје и возила и се наоѓа во притвор.

Американските власти наведуваат дека станува збор за странски државјанин кој нелегално престојувал во САД, а во земјата влегол преку Тексас во март 2024 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни