Главната причина зошто секогаш треба да ја перете новата облека пред да ја носите

Купивте нов фустан и едвај чекате да се вратите дома, да го облечете и гордо да прошетате низ градот. Се е супер, но сепак треба да бидете трпеливи, бидејќи таа нетрпеливост може да ви донесе многу проблеми …

Пристигнавте од продавница, веднаш облековте ново парче облека и забележавте дека следниот ден имате црвенило и чешање?

Се вчитува...

Ова црвенило се нарекува алергиски дерматитис кој е предизвикан од специфичен алерген. Реакцијата веројатно нема да се случи веднаш, но следниот ден, па дури и по неколку дена. Оваа реакција најчесто ја предизвикуваат боите на облеката.

Овие бои најчесто се користат на синтетички материјали, како што се полиестер и најлон. Овие бои се ослободуваат од материјалот при потење и допирање на материјалот. Овие реакции може да се избегнат со перење на алиштата пред да се носат, со што ќе се отстрани вишокот боја.

Сепак, алергискиот осип не е единствената негативна реакција што може да ја предизвика новата, неизмиена облека. Во 2014 година, научниците од Универзитетот во Стокхолм тестираа облека од различни бои, материјали, производители и цени.

Во 29 од 31 парче облека, тие пронајдоа хемикалија наречена кинолин, која американската Агенција за заштита на животната средина ја прогласи за „потенцијално канцерогена за луѓето“ – иако ниту една човечка студија сè уште не ја потврдила.

Улрика Нилсон, член на истражувачкиот тим, вели дека пронашле други, исто така канцерогени хемикалии, но, вели таа, нема доволно истражување за внесувањето на овие хемикалии преку кожата.

„Во ваш најдобар интерес е да ги перете алиштата пред да ги облечете“, вели Дејвид Ендрјус, научник кој истражувал хемикалии за отстранување на дамки, против туткање, засилувачи на боја и слично. Тој исто така рече дека производителите не прецизираат кои хемикалии ги користат на облеката, а тие можат да бидат потенцијално опасни за луѓето и можат да бидат штетни за животната средина.

„Неверојатно е да се купи маица која наводно е 100% памук, но никаде не е наведено кои хемикалии ги содржи“, продолжи тој.