4NEWS.mk

Го истепале па му го искршиле автомобилот, МВР со детали за тепачката во Струга

На паркинг на улицата „Маршал Тито“ во  Струга, вчера, во 14 часот, нарушен бил јавниот ред и мир со насилство извршено од неколку лица врз 27-годишно лице од струшкото село Заграчани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициската станица презема мерки за идентификација на учесниците во насилството кои, подоцна извршиле и оштетување на патнички автомобил, сопственост на оштетениот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни