Свет

Го ослободија поранешниот премиер на Чешка, Андреј Бабиш за измама со средства од евро

Го ослободија поранешниот премиер на Чешка, Андреј Бабиш за измама со средства од евро

Судот во Прага го ослободи поранешниот премиер Андреј Бабиш од обвинението за измама со европски субвенции за два милиони долари, објавија Асошиејтед прес.

Обвинителите побараа тригодишна условна казна и парична казна од 10 милиони чешки круни (околу 440.000 американски долари) за Бабиш. Денешната судска одлука може да се обжали.

Бабиш се изјасни за невин и повеќепати изјави дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Тој денеска не беше присутен во судницата кога беше изречена пресудата. Тоа беше објавено неколку дена пред претседателските избори и ќе биде од корист за Бабиш, кој е главен претендент за највисоката државна функција, забележува АП. Негови главни противници се резервниот генерал Петар Павел, кој е поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО и поранешниот ректор на Академијата за земјоделство, Дануше Нерудова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни