Го пиете секојдневно, но дали знаете кое животно го открило кафето?

Луѓето ширум светот не можат да замислат почеток на денот без шолја кафе, но многумина не знаат дека оваа растение го открило едно домашно животно.
Според етипската легенда, кафето води потекло од една тамошна висорамнина, каде козите на еден сточар откриле кафе во потрагата по храна.
Имено, сточарот Калди решил да ја испита билката која неговите кози ја јаделе, а потоа стнувале поенергични и не спиеле цела ноќ. Сточарот своето откритие го споделил со монасите во манастирот, а тие потоа направиле напиток од оваа црвено зрно.

Еден од монасите кои го пробал напитокот, рекол дека го држел трезвен во текот на целата полноќна молитва. Така приказната за овој чудотворен напиток се ширела, се од арапскиот полуостров, каде започнало одгледувањето и продажбата на зрната кафе.

Во Европа првин не биле толку воодушевени кога патниците од Блискиот исток донеле ваков пијалак. Го сметале за „сатанистичко искушени“. Контроверзата која се кренала околу овој напиток толку земала замав што во еден момент папата Клемент Седми морал да интервенира. Тој решил да го проба напитокот пред да донесе одлука за забарана, но бидејќи кафето му се допаднало, дал дозвола.
До крајот на 17. век кафето се ширело низ целиот свет, а многу луѓе виделе можност за профит со одгледувањето и продажбата на зрната. Се формирале „кафе кучи“ во кои се собирале луѓе со различни професии.

Доколку сте голем љубител на кафе, веројатно мислите дека никогаш не е лошо време да испиете една шолја. Меѓутоа, при напорни распореди, американските војници креирале алгоритам со чија помош можете да пресметате кога е вистинското време за пиење кафе.
Имено, истражувачите од Вооружените сили на САД развиле алгоритам кој дава лични препораки за одредување време за косумирање на кофеионот. Така можете да пиете најмалку кофеин за да постигнете максимално будење во одреднеи моменти. Американските истражувачи својата студија ја објавиле во списанието „Sleep Research“.