4NEWS.mk

Го удрил и побегнал со возилото – тешко повреден пешак во Тетово

На 16.08.2019 во 08,00 часот, било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во пешакот В.И. (24) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни