4NEWS.mk

Ѓоковиќ го предаде мечот на Вавринка и нема да го брани трофејот на УС опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварот на УС опен во осминафиналето, откако рано утрово му го предаде мечот на Швајцарецот Стен Вавринка на почетокот од третиот сет, поради повреда на рамото.

Минатогодишниот освојувач на Грен слемот во Њујорк ги загуби првите два сета со 4:6 и 5:7. Во пресрет на третиот, тој побара лекарска интервенција за повреденото рамо. По 1:2 во третиот сет Србинот реши да го предаде мечот.

Вавринка кој е шампион на турнирот од 2016 година во четвртфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни