Балкан

Ѓоковиќ продолжува да пишува историја од првото место на АТП листата

Ѓоковиќ продолжува да пишува историја од првото место на АТП листата

Иако нема играно од Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на АТП листата и овој понеделник влезе во 414-та недела!

Тоа значи дека Ноле сега е две години подолго на првото место од следниот тенисер во историјата, а тоа е Роџер Федерер, кој беше на врвот 310 недели.

Со оглед дека разликата меѓу нив двајца е 104 недели, а една година има вкупно 52, јасно е дека Новак е недопирлив.

Ноле сега има 9.675 бодови и следната недела има турнир во Индијан Велс, а веќе се „чекирал“ во САД гледајќи го во живо во Лос Анџелес натпреварот помеѓу Галакси и Интер од Мајами.

На второ место е Карлос Алкараз со 8.805, Јаник Синер е трет со 8.270, а потоа следат Даниил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљев, Холгер, Руне, Хуберт Хуркач, Каспер Руд и Стефанос Циципас.

Кога станува збор за другите српски тенисери во ТОП 100, Ласло Џере е 35-ти во светот, Миомир Кечмановиќ е на 51-то место, Душан Лајовиќ е на 60-та позиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни