4NEWS.mk

Голем дел од Кичево денеска без струја

Од раните утрински часови се до 11:00 часот денеска голем дел од Општина Кичево беше без напојување со електрична енергија.
 
Без струја останати се селата од северо-западниот дел од општината: Зајас, Колари, Тајмиште, Мидинци, Горно и Долно Строгомиште, Трапчин Дол, Длапкин Дол, Грешница, Лешница, Бачишта, Кнежино, Осој, Раштани, Црвивци, Осломеј, Жубрино, Србица, Аранжел, Туин, Јагол, Стрелци, Гарани, Шутово, Премка, Папрадиште, Мамудовци, и Лазоровци.
 
Освен најавата, од ЕВН не даваат подетални информации за прекинот на електричната енергија. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни