Пожарот што го зафати бродоградилиштето на компанијата „Лурсен“ во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, на северот на Германија, утрово е изгаснат, а во гаснењето учествувале околу 400 пожарникари и други припадници на итната помош, германската објави телевизиската станица НДР.
Во вторникот наутро таму се запалила салата на бродоградилиштето, а пожарот кој пожарникарите го изгаснале околу 20 часот, ја зафатил и јахтата во внатрешноста на бродоградилиштето.
Се урнал покривот на зградата и дел од фасадата, а одекнале и неколку експлозии.