Балкан

Голем пожар во Сплит, се запали магацин со автомобилски гуми

Голем пожар во Сплит, се запали магацин со автомобилски гуми

Триесетина пожарникари од Сплит гаснеле голем пожар кој избувнал околу 02:40 часот во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата. Во 06:30 часот пожарот бил локализиран.

Пожарот избувнал во магацин на раскрсницата на улиците Солинска и Пута Мостина, кај сплиќани познат како Дујмовача. На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ.

Командантот на ЈВП Сплит Марио Микас вели дека пожарот е локализиран.

Сообраќајот во улицата Пут Мостина се одвива наизменично со регулација на полициски службеници, соопшти сплитската полиција.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Кога пожарот ќе биде изгаснат, ќе се изврши увид. Се претпоставува дека материјалната штета ќе биде голема.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни