Македонија

Голема Богородица – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица 28 август (сабота) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на граѓаните од православна вероисповед им го честитаат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни