Во северна Турција, 49 работници останаа заробени под земја по експлозијата во рудник за јаглен денеска, изјави гувернерот на провинцијата Бартин, Нуртац Арслан. Најмалку две лица го загубија животот, а 20 лица се повредени.
„Во моментов, 44 лица се наоѓаат на 300 метри под влезот во рудникот, а пет лица се на 350 метри подолу“, рече Арслан, според државната агенција Anadolu. Осум лица успеале сами да го напуштат рудникот, рече тој.
🇹🇷🚨An explosion occurred in a coal mine in #Bartin province of #Turkiye
Rescuers were involved in the scene pic.twitter.com/EujoeGZ2bL
— Dailyaz (@dailyaz1) October 14, 2022
Експлозијата била предизвикана од трансформатор
Експлозијата била предизвикана од трансформатор во рудник за јаглен во сопственост на државната турска компанија Hard Coal Enterprises, соопшти турската управа за управување со катастрофи (AFAD). Експлозијата се случила на 300 метри под влезот во рудникот околу 17:15 часот.
На снимките од турската телевизија се гледаат повредени луѓе и итниот персонал кој им помага. Министерот за енергетика Фатих Донмез и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу излегоа на местото на настанот, јавува Анадолија.