Германската полиција извршила рации во седум сојузни покраини и запленила кокаин вреден неколку милијарди евра, пишува германски Билд.
Инспекторите рекоа дека тоа е најголемата заплена на кокаин во Германија. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени, јавуваат германските медиуми.
Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.
Деталите за полициската акција, како и кој е приведен, засега не се познати.