Станува збор за апсење на криумчари на мигранти. Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
МВР спроведува полициска акција која се уште трае, а во која според информациите досега се уапсени најмалку шест лица. Според информациите разбиена е организирана криминална група, која се занимавала со криумчарење на мигранти, а воедно кај нив била пронајдена и дрога.
Инаку полицијата постапувала во Скопје, Штип, Велес и Валандово.
Во акција на МВР уапсени се шест лица, но точната бројка за сега официјално не се знае. Според првичните информации се работи за криумчари на мигранти, а полицијата апси во неколеку градови.
Фото: Архива