Младиот Џексон Џејмс Рајс (18), олимпиец во сурфање змејови, бил пронајден мртов под брод додека се подготвувал за настап во Париз.
Станува збор за спортист од Кралството Тонга, каде се подготвуваше за Игрите, на кои се квалификуваше во декември 2023 година.
Според извештаите, причина за смртта била несвестица во плитка вода, која се јавува при хипервентилација при влегување во вода.
За смртта на несреќниот Џеј Џеј, се огласи неговата сестра Лили Рајс:
– Бев благословен со најубавиот брат на целиот свет. Ме боли да кажам дека тој почина. Беше неверојатен спортист, од Олимписките игри ќе се вратеше со голем сјаен медал, рече таа.