Голема тага: Убиената професорка во Сански Мост требала да се пензионира за неколку дена!

На убиената професорка во Сански Мост и останувале само седум дена до пензија.

„Тоа што се случи во Сански Мост е неприфатливо за секој мозок, верувам дека никој не разбира кои се причините и кое е оправдувањето за ваквиот грозоморен чин, најтажно е што сите колеги кои денеска беа убиени требаше наскоро да се пензионираат. Професорката требаше да се пензионира за неколку дена. Несфатливо беше вакво страшно убиство да се случи во Сански Мост“, изјави првиот човек на Сански Мост, Фарис Хасанбеговиќ за порталот 24сата. Началникот ја потврди информацијата дека денеска во текот на денот ќе се одржи Колегиум на кој ќе се донесе одлука за прогласување ден на жалост. „Има тага во Сански Мост, заминаа луѓе кои од нас беа препознаени како некој што оставил трага во млади животи. Ќе ги посетиме семејствата на убиените и ќе се ставиме на располагање. Ова е нешто за што не можете да се подготвите. Убиецот беше човек како секој човек што сега шета овде. Живееше во тоа училиште, работеше, заработуваше леб“, рече началникот. „Кој во одреден момент нема одредени проблеми на своето работно место, но тоа не може да биде причина да направи вакво нешто. Мора да има дефект, нешто ја скршило капката. Без разлика, нема оправдување за ова“, додава началникот.

Да потсетиме, во средата наутро, на 21 август, домарот Мехмед Вукалиќ со оружје дошол во училиштето и ги убил директорот на Гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. Се работи за невидена трагедија во Сански Мост, општина во Босна и Херцеговина.