Наука и технологија

Големо нарушување на телекомуникациите меѓу Азија, Европа и Блискиот Исток

Големо нарушување на телекомуникациите меѓу Азија, Европа и Блискиот Исток

Поради оштетување на подморничките кабли во Црвеното Море, телекомуникациите меѓу Азија, Европа и Блискиот Исток беа прекинати, па провајдерите пренасочија најмалку една четвртина од сообраќајот, вклучително и интернет-врските – јавува денеска Си-Ен-Ен.

Не е познато како се „скршени“ каблите во сопственост на четирите големи телекомуникациски мрежи, што доведе до „значајни“ прекини во комуникацијата на Блискиот исток – соопшти телекомуникациската компанија „HGC Global Communications“ од Хонг Конг.

Меѓу мрежите што настрадаа беа Азија-Африка-Европа 1 – кабелскиот систем долг 25.000 километри што ја поврзува Југоисточна Азија со Европа преку Египет.

Беше погоден и „Europe-India Gateway“ (EIG), кабелски систем што ги поврзува Европа, Блискиот Исток и Индија, и неговиот инвеститор „Водафон“.

Според проценката на HGC, 25 отсто од сообраќајот меѓу Азија и Европа и Блискиот Исток бил погоден.

Компанијата соопшти дека го пренасочува сообраќајот и им помага на бизнисите.

Поставувањето на многу такви кабли во последните години го финансираа интернет гигантите Гугл, Мајкрософт, Амазон и Мета.

Земјотресот во Тајван во 2006 година предизвика голема штета на кабелот, прекинувајќи ги интернет-врските.

Уништувањето на каблите на дното на Црвеното Море се случи неколку недели откако официјалната влада на Јемен предупреди дека бунтовниците Хути – кои го држат крајниот запад од земјата – исто така може да ги погодат каблите.

Хутите, кои се поддржани од Иран, напаѓаат товарни бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море со ракети и беспилотни летала, така што дел од тој бродски сообраќај меѓу Индискиот Океан и Медитеранот е пренасочен на многу подолга рута околу целата африкански континент.

Израелскиот интернет-медиум Gloubs минатата недела укажа на можноста Хутите да ги оштетат каблите.

Лидерот на Движењето Хути, Абдел Малек-Ал Хути, тврди дека тоа не е вистина. „Немаме намера да ги нападнеме подморските кабли кои обезбедуваат интернет на земјите од регионот“, најави тој.

Владата на Јемен ги обвини американските и британските воени сили кои оперираат во регионот за оштетување на каблите – пишува во извештајот што во саботата го објави државната новинска агенција на Јемен. Засега нема коментари за тоа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни