Силна бура, која се очекува денеска да го зафати и балканскиот регион, веќе создава проблеми на подрачјето на Хрватска и Словенија.
Како што јавува словенечката метеоролошка станица Неурје, во Вилдон, недалеку од австрискиот град Грац, забележан е силен град, а од небото паѓале огромни парчиња лед со пречник од седум сантиметри.
Се вчитува...
Во одредени делови од Хрватска, посебно во Истра и Кварнер, издадено е црвено предупредување за потенцијално опасно време.
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата.
U nedelju se očekuje pad temperature i promena vremena praćena lokalnim pljuskovima i grmljavinom, a u pojedinim krajevima i gradom.
