Вчера утро во 8 часот на регионален пат село Волковија- Тетово, Р.А.(32) од село Гургурница, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Р. и била пренесена во болницата во Тетово каде и била укажана помош.
Сопатниците И.А. и Х.А. се здобиле со телесни повреди и на нив им била укажана помош во болницата во Тетово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
