Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија, лоциран на планинскиот масив Кавказ, на височина од 5.054 метри.

Искачувањето беше реализирано во рамки на повеќедневна меѓународна експедиција во организација на планинарскиот клуб „I Love Hiking“ од Скопје.

Напорниот пат до петилјадникот опфаќаше неколку етапи и три клучни аклиматизациски престои во базните кампови на различни надморски височини.
Походoт кон самиот врв траел околу 14 часа во сурови високогорски услови.

Експедицијата се движела низ глечери и каменести предели, а најтешкиот технички дел од патеката бил обезбеден со фиксно јаже.
И покрај суровите временски услови и ниските температури, сите членови на експедицијата успешно го освоија врвот.