Македонија на Светскиот ден на населението тоне во демографска катастрофа, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.
– Според податоци кои излегоа од Државниот завод за статистика. Во април 2019 година има пад од 14,4 отсто новородени деца во однос на април 2018 година. Дополнително, има 3 отсто повеќе умрени од минатиот април. Тоа е резулатот на премиерот Заев и неговите 28 министри, ќе имаат историска одговорност за оваа катастрофа. Македонија умира, Македонија исчезнува – рече Ѓорчев.
Катерина Нешкова
