Во рамки на активностите за обнова на Македонија денеска имав чест да се сретнам со луѓе од три населени места во Општина Могила. И овде во општина Могила како и насекаде низ Македонија народот ни е разочаран и видно вознемирен од погубните политики на Социјалдемократскиот Сојуз. Стагнира земјоделието, стагнира економијата, стагнира здравството, буквално секој сегмент од општеството ни стагнира во минативе 3 години. Тоа е и во Могила тоа е на секаде низ Македонија, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ нудиме концепт и тоа го објаснуваме на граѓаните во нашите разговори и обраќањата према нив. Нудиме концепт на искрена и чесна работа после 12 април. Нудиме конкретна програма со низа мерки кои што сериозно ќе ги подобрат условите на нашите сограѓани и нудиме како никогаш досега враќање на достоинството на сите граѓани на Република Македонија, додава Ѓорѓиевски.
