Наука и технологија

Гори на 1000 степени: Го запали најсилниот телефон „само да провери нешто“

Гори на 1000 степени: Го запали најсилниот телефон „само да провери нешто“

Популарниот канал на YouTube спроведе уште еден необичен тест, овој пат на најмоќниот телефон Galaxy S24.

YouTube каналот JerryRigEverything е познат по своите ригорозни тестови, но често прави и интересни тестови кои ги поместуваат границите на реалноста. Таков е тестот спроведен на моделот Galaxy S24 Ultra.

Имено, Зак од споменатиот YouTube канал реши да открие колку точно титаниум содржи Galaxy S24 Ultra. Рамката на телото на овој телефон е создадена од титаниум, но се наоѓа само на надворешната страна на телефонот.

За да открие колку титаниум содржи Galaxy S24 Ultra, Зак го изгорел на 1.100°C. Погледнете како тоа изгледаше:

Повеќето внатрешни компоненти на моделот S24 Ultra се поставени на внатрешна алуминиумска рамка. Титаниумските ленти се поставени на надворешната страна на рамката и се држат со пластика.

Интересно е што оваа комбинација не влијаеше негативно на издржливоста на телефонот, каде што Galaxy S24 Ultra се претстави исклучително добро. Погледнете во видеото подолу:

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни