„Господ најтешките битки им ги дава на најсилните војници“: Виктор Боневски почна со лекување во Турција, да му помогнеме да се врати како победник!

Храбриот Виктор Боневски започна со лекување во Турција, но се уште се потребни средства со цел да излезе победник во оваа битка.

„Господ најтешките битки им ги дава на најсилните војници. Затоа што знае дека ќе ја добијат војната, од која нашиот војник, борец и херој ќе излезе како најголем победник со сите вас заедно. Виктор од денес почна со лекувањето кое ќе биде подолготрајно и за кое ќе ни требаат многу вера, сила, трпение но и финансии. Ви благодариме од срце на сите што ни помагате и давате сила во овие тешки моменти, на крај заедно ќе излеземе победници“, се вели во објавата на Даниел Боневски.

На Виктор од Скопје сонот за фудбалер му се сруши, по дијагностицирањето канцер – да помогнеме за победа на најважната утакмица!

Инаку, на Виктор му беше дијагностицирана малигна неоплазма на абдомен која брзо се шири, и за истата потребни се парични средства во износ од 60.000 евра.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

За потсетување, на следниве броеви можете да донирате за Виктор Боневски:

– Телеком: 143-122
– А1: 143-507
– Шпаркасе банка: 250500024209249

ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:

SWIFT: INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007582562

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното