Град Скопје најголемиот потрошувач – Струга со зголемување од 162%

Град Скопје е најголем потрошувач на јавни пари. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека само општината на Петре Шилегов потрошила колку 43 општини заедно.

За разлика од 2017 година, во 2018 Град Скопје потрошил 21% повеќе пари за тендери. Герман Филков, вели дека според претходните анализи, во 2019 година се очекува да има и повеќе трошоци. По Град Скопје, следува Куманово со околу 5 милионI евра во 2018,  Струмица со 4 милион евра за тендери. Неколку други општини потрошиле помалку.

Меѓу градовите кај кои има намалување на потрошените средства за тендери е и Штип. Но дали тоа значи дека таа општина не работи доволно?

Општините кои се на дното на списокот, односно кои трошат најмалку, со јавни набавки под 100 илјади евра годишно се Центар-Жупа, Ранковци и Жрновци.

На првите десет места на компании кои земале најмногу средства се градежни компании, а две компании се за нафтени деривати, вели директорот на Центарот за граѓански комуникации.

Најчесто јавните набавки се за уредувањена улици и патишта, клупи, детски игралишта, струја, осветлување, службени возила, транспорт на ученици или нафта за греење, а компанијата која во 2018 го добила најголемиот тендер е фабриката Карпош со 2 милиони и 427 илјади евра, од Град Скопје, а вкупно од сите општини оваа фабрика добила 13 тендери во вредност од 3.9 милиони евра.

Извор: ТВ21