Градежен инженер објасни зошто се урна настрешницата во Нови Сад: „Затоа владее паника“

Во страшната трагедија во Нови Сад, каде во петокот  се урна настрешницата на железничката станица , загинаа 14 лица. Сите се прашуваат како е можно да се случи такво нешто, особено што таа станица беше реконструирана пред четири месеци, а градежниот инженер и граѓански активист Данијел Дашиќ сега понуди одговор на тоа прашање, пишува Нова.рс.

„Уривањето се случи бидејќи на постоечката армирано-бетонска конзола беше додадена масивна челична конструкција со тешко стакло, закотвена со челични профили за покривот, што доведе до извлекување на сидрото и фрактура на носачите на конзолата“, напиша тој на. неговиот профил на социјалната мрежа Икс и додаде: „Затоа владее паника и се зборува дека настрешницата не е реконструирана“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.