4NEWS.mk

Градоначалничка во САД добива закани по коментари за Трамп

Градоначалникот на американскиот град Дејтон каде во масовно пукање беа убиени девет луѓе, рече дека ѝ е назначено 24-часовно обезбедување поради закани  исполнети со омраза добиени по судир со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Весникот „Дејтон дејли њуз“ објави дека при посетата на Дејтон во минатиот месец Трамп ја оквалификувал како „измама“ прес конференцијата на градоначалничката Нан Ваили и сенаторот демократ од Охајо, Шерон Браун.

Ваили одговори во интервју за Си-Ен-Ен дека Трамп е „грубијан и страшливец“. Весникот Дејтон дејли њуз објави дека имале увид во десетици пораки до Вејли во кои се упатуваат закани. Тие пораки ги натерале градските власти да назначат полициско обезбедување.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни