Градоначалникот на Чаир ќе донира 150 комплети со книги во сите основни училишта по повод празникот на Албанската Азбука

По повод празникот на Албанската Азбука, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, заедно со претставници од Одделението за образование и предучилишно воспитание на Општина Чаир, донираа 150 комплети со книги во сите основни училишта на територијата на општината.

Основната цел на донацијата е збогатување на библиотечниот фонд во училиштата, место каде што се описменуваат нашите поколенија и на тој начин го прошируваат нивниот хоризонт на знаење во духот со најдобрите традиции на светската и европската цивилизација. Истотака, Градоначалникот Ганиу го искажа неговото посебно задоволството за ентузиазмот на учениците на О.У. “Конгреси и Манастирит“ кои празничната еуфорија која ја создаваат Ноемвриските празници на албанскиот народ најдобро ја пренесоа преку одлично организираната манифестација.

Се вчитува...

Извор: ТВ21