4NEWS.mk

Градоначалникот на Струга ја отвори дивоградбата на советникот Усеини од ДУИ во Охрид

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа присуствуваше на отворањето на пицеријата, која е дивоградба кај Чинарот во Охрид, пренесува „360 степени“.

Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

 

://360stepeni.mk

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни