Граѓаните во новата Градска болница утрово биле вознемирени од присуството на голем број специјалци вооружени со автоматско оружје, од кои дел и со маскирни фантомки преку лицата, објави „Слободен печат“.
Како што дознава весникот, причината за бројното полициско обезбедување биле итните лекарски прегледи на затвореник од висок безбедносен ризик од затворот „Скопје“, поранешен припадник на тepopистичката организација ИCИC.