Граѓаните ја поздравија одлуката на Собранието – сакаат нови работни места и интеграција во НАТО

Потребата за иницирање на уставни измени во Собранието, ја коментираа и граѓаните. Тие ја поздравуваат синоќешната одлука на пратениците. Велат дека со уставните измени се отвора патот кон НАТО и ЕУ, и дека земјата ќе постигне поголема економска стабилност и ќе се отворат нови работи места.

„Првиот момент беше чувствителен. Но, сега кога излезе успешно, се надеваме дека во иднина ќе биде подобро. Секако се надеваме и на повеќе нови работи места. Да не се повтори минатото каде живеевме во изолиран систем. Особено ние Албанците да имаме подобра иднина“.

„Со ова ќе се отворат нови работи места. Со овој чекор мислиме дека земјата ќе се зачлени во НАТО“.

Но, имаше и граѓани кои не се во тек и кои не ја следеле синоќешната седница за потребата за уставни измени.

Инаку, со двотретинско мнозинство пратениците во Собранието на Македонија, синоќа го усвоија предлогот за пристапување кон уставни измени.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ