Грција издаде важно предупредување: Внимавајте со нашето маслиново масло!

Властите во Грција предупредуваат на продажба на неквалитетно маслиново масло, опасно по здравјето. Апсења се вршени и за продажба на фалсификувана стока на брендирани фирми.

Полицијата разби голема криминална група која продавала сончогледово масло обоено како маслиново масло.

Се вчитува...

Истрагата покажа дека повеќе од една година продаваат навистина неквалитетно маслиново масло, кое е дури и опасно по здравјето поради боите во него.

При лабораториска анализа било откриено дека маслиновото масло што го продавале содржи непознати и опасни материи.

Работилница за преработка на сончогледово масло во маслиново масло беше отворена во регионот Иматија во близина на Верија.

Надлежните уште еднаш предупредуваат да не се купува маслиново масло од маркети и од непознати лица кои го нудат производот по многу пониска цена.

Преферирани клиенти им се странците кои купуваат поради ниската цена.

Полицијата заедно со тим експерти од Агенцијата за контрола на квалитет на стоки уапси четири лица во Патра кои продавале фалсификувана стока по многу висока цена – облека и обувки со етикети на брендирани фирми.

Добивката е над половина милион евра, а илјадници муштерии се измамени, потенцира полицијата. Целата стока е одземена.