Балкан

Грција ја постигна целта да ги намали жртвите на патиштата за повеќе од 50 отсто до 2020 година.

Грција ја постигна целта да ги намали жртвите на патиштата за повеќе од 50 отсто до 2020 година.

Грција е единствената земја од ЕУ што ја постигна целта за намалување на смртните случаи на патиштата за повеќе од 50% во 2020 година во споредба со 2010 година. Подобрувањето на патната мрежа на земјата, зголемувањето на безбедноста на патиштата, системите за помош на возачот во модерните автомобили и подобрата култура на возење доведоа до намалување во бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), во 2020 година во Грција имало 54 смртни случаи во сообраќајот на патиштата на милион жители, што е намалување за повеќе од половина (54%) во споредба со 2010 година (113 смртни случаи). На овој начин Грција се „ослободи“ од претпоследната позиција на една од најопасните земји за возење и се искачи за осум места погоре, пред Хрватска, Литванија, Полска, Бугарија, Латвија и Романија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни