ГРЦИЈА СО КАЗНИ: Повеќе од 350.000 евра за пет дена поради овие работи на плажа

Властите во Грција напишаа казни во висина од 350.000 евра за само пет дена во акцијата против баровите и рестораните кои незаконски ги окупираа плажите, соопшти нивната влада.

Официјалните лица неодамна суспендираа три „нелиценцирани“ плажи кои работат без соодветен договор, соопшти Министерството за економија.

Се вчитува...

Властите истражија „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во обид да се справат со прекумерниот туризам.

Минатата година Грција ја посетиле рекордни 33 милиони луѓе, пет милиони повеќе отколку во 2022 година.

Атина ги сузбива непријателските туристички практики со надзорни дронови, сателитски снимки и специјални апликации „MyCoast“ на кои луѓето можат да се жалат.

Грците можат да се јават и да пријават нелегална „о