По сведочењето на Верушевски денеска во судот во врска со предметот „Таргет-Тврдина“ односно масовното прислушкување, вечерва со кометар се јави и екс-премиерот Никола Груевски.
„Полека, но сигурно вистината испловува… Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.
Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави.
Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа. Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото.“, напиша Груевски на Фејсбук.
ДЕНЕС ОДЕКНА НАЈСИЛНАТА БОМБА!!!ВЛАСТА ЈА РУШЕЛЕ СО МОНТИРАНИ СНИМКИ!!!Полека, но сигурно вистината испловува…Кога…
Gepostet von Nikola Gruevski am Montag, 23. September 2019